Собрание

Почнува расправата за предлог- буџетот за 2020-та

25.11.2019 10:37

Почнува расправата за предлог- буџетот за наредната година во матичната собраниска комисија. Владата предлага буџет од 3 милијарди и 615 милиони евра, при проектиран раст на БДП од 3,8%. Се планира дефицит во државната каса од 2,3%...

Почнува расправата за предлог- буџетот за наредната година во матичната собраниска комисија. Владата предлага рекорден буџет од 3 милијарди и 615 милиони евра, при проектиран раст на БДП-то од 3,8 насто.

Се планира дефицит во државната каса од 2,3 проценти. Според власта, во фокусот ќе биде човечкиот капитал, односно подобрување на здравствениот, образовниот и социјалниот систем, како и силна поддршка за раст на реалниот сектор.

Според најавата од Собранието, државниот предлог – буџет за 2020-та година во второ читање е единствена точка на дневен ред и на Законодавно-правна комисија.