Земјоделски задруги ќе добијат договори за ЕУ грантови

25.11.2019 10:42

Станува збор за грантови кои се дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ...

Девет веќе постоечки и осум новоформирани земјоделски задруги од различни региони на земјава денеска ќе ги добијат договорите за финансиска поддршка од ЕУ.

Станува збор за грантови кои се дел од проектот „Поддршка за развој на земјоделски задруги“, финансиран од ЕУ, а спроведуван од „Кеар“ Германија и Македонската развојна фондација за претпријатија.