„За децата, од децата“
"Најголемиот проблем со кој моментално се соочуваме е квалитетот на образованието. Не можеме да преминеме кон повисоки цели кога сè уште имаме неопремени училишта во коишто учениците немаат пристап до тоалети, опремени училници, греење , а воопшто и да не зборуваме за нова технологија."

По повод 30 годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на децата на ОН, Владата на Република Северна Македонија во организација со Младински образовен форум, УНИЦЕФ и ЕУ ја спроведоа активноста "Kids Takeover" каде што им се овозможи на децата директно да ги посочат проблемите со коишто се соочуват.
Оваа средба се водеше под мотото „За децата, од децата" каде што 6 младински застапници во нивните говори ги адресираа прашањата кои се од круцијална важност за младите во нашата држава, но и предложија потенцијални решенија за истите.
Првиот проблем кој што беше поставен на "сцената" во Владата на РСМ беше проблемот зо загадувањето, за кој што зборуваше средношколецот Стефан Митиќ кој посочи:
"Загадувањето не се решава преку ноќ, но затоа ние, младите ги распознаваме и конкретизираме проблемите и даваме цврсти решенија што докажува само колку нашите возрасни колеги само зборуваат за веќе препознаен проблем. Нашите решенија се изводливи, исплатливи и возможни, затоа што радикални проблеми бараат радикални решенија."
Бисера Шегмановиќ се осврна на проблемите во образованието:
"Најголемиот проблем со кој моментално се соочуваме е квалитетот на образованието. Не можеме да преминеме кон повисоки цели кога сè уште имаме неопремени училишта во коишто учениците немаат пристап до тоалети, опремени училници, греење , а воопшто и да не зборуваме за нова технологија."
Меѓу другото, потсети дека во државата постојат 19 училишта што се изградени пред 1930 година, а 5 од нив пред 1900-та. Во 28 училишта нема основни помагала, 17 училишта воопшто немаат библиотеки, а во оние кои постојат, фондот на книги е сиромашен.
Младата Михаела Трајковска посочи дека државата нема доволни услови за младите, недостаток на работни позииции, а луѓе со високо образование работат на места кои не го бараат тоа. Односно, предиспозициите и образованието што го имаат не соодејствува со тоа што го бара пазарот на трудот.
„Треба да има добра распределба на професиите и потребите на трудот“, нагласи таа.
Искра Зеќири истакна дека: "Младите уште од мала возраст треба да знаат што значи демократија, што значи да имаш свој претставник, да имаш сила. Но, ова не треба да важи само за училиштата. Во секоја општина имаме Совет на млади лица, но и тој останува на волја на општината“
Лука Павиќевиќ во врска со врсничкото насилство потенциеаше дека: „Потребно е да се зголеми довербата, препознавањето на врсничкото насилство и подобрување на комуникацијата. За да се постигне оваа реалност, потребно е да се едуцираат психолозите, професорите, но и најважно од сè – ние, децата. Да препознаеме форми на насилство, но и да стекнеме знаење како да се справиме со него. Потребно е да ни ги дадете алатките за самите да се справиме со проблемите во дигиталната сфера. Сега, во ова дигитално време, секој ден поминуваме повеќе од 6 часа на интернет. Секој може со два клика да креира лажен профил на социјална мрежа. Ова е одлично тло за развивање на онлајн насилство“
Младата Елиза Абдија забележа: „Крајно време е образовниот систем целосно да биде реформиран, за да даде поголем квалитет за секое дете. Да ни овозможите соодветни програми за нашите индивидуални интереси, за лично и активно партиципирање и интеграција. Законот за персонален асистент ги опфаќа само луѓето од 18 до 64 години. Што е со другите коишто не влегуваат во оваа категорија?“
На оваа средба присутни беа и премиерот Зоран Заев, министерката за правда, министерот за животна средина, министерката за труд и социјална политика, министерот за здравство и државните секретари за образование, внатрешни и надворешни работи. Покрај нив учество земаа и Амбасадорот на ЕУ Самуел Жбогар, претставничката на УНИЦЕФ Патриција Диџовани и пратеничката Ивана Туфегџиќ.
Подготви
Радмила Гиевска
