Истражители влегоа во просториите на СЈО, се чешла финансиската документација
26.11.2019 13:50
Тие се таму во врска со наводите за распределбата на големи бонуси која се одвивала во Специјалното јавно обвинителство, и за да соберат податоци за распределбата на парите.

Истражители од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција влегоа во СЈО. Од Обвинителството за МТВ велат дека се работи за предходна постапка и се чешла финансиската документација.
Тие се таму во врска со наводите за распределбата на големи бонуси која се одвивала во Специјалното јавно обвинителство, и за да соберат податоци за распределбата на парите.
Како што предходно беше објавено, екс- специјалната обвинителка Катица Јанева по основ на додатоци си доделила 157 илјади евра, додека другите обвинители меѓу 70 и 100 илјади евра.
