Исмаили: Оној што го прекршил законот ќе одговара
Министерот за култура вели дека не чувствува одговорност во врска со дивеењето на навивачката група „Шверцери“ во објектот на МНТ. Според него, имало спротивставени изјави во врска со направената штета, како и кој бил организаторот, па допрва треба да се испитува...
Не чувствувам одговорност - министерот за култура за инцидентот во Македонскиот народен театар. Вели дека вината за направената штета треба да ја понесат организаторот и директорот на институцијата. Исмаили со став- Министерството за култура е само поддржувач, но не ја организира прославата и не може да се контролира како ќе се однесува секој поединец.
Четири дена ниту некој е приведен, ниту некој е пријавен, иако МВР точно го знае идентитетот на хулиганите, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија велат дека полицијата ги има снимките од театарот и досега можеше да ги извади сторителите пред лицето на правдата.
Премиерот Заев вели дека откако ќе се утврди што се случувало, јавноста ќе биде информирана. Според него, ако има вандализам, треба да се осуди.
Александра Спировска
