По нон пејперот да се насочиме кон идните постапки
Советот за евроинтеграции разговараше за нон пејперот на Франција и за новата методологија. Македонските политичари велат, вината не е кај нас за недобивање датум, но е важно да се насочиме кон иднината и нашите постапки. Амбасадорот тимоние пак вели, Франција не е против нови членки, но нон пејперот има и одредби кои претходно ги немало за спроведување. Францускиот амбасадор сега додава, треба и преостанатите од Европската унија да се конструктивни...
Европските проекти ќе се спроведуваат со земјите од Западен Балкан во реформирана Европска унија- порача францускиот амбасадор Тимоние на седницата на Националниот совет за евроинтеграции. Според него, Унијата сега е во двоен ќорсокак, се наметнуваат нови услови со нон пејперот од една страна, а од друга има држави кои веќе ги одработуваат поглавјата по стариот принцип. Сакаме да напредуваме, до јануари нон пејперот да стане официјален, но треба и другите од Европската унија да се конструктивни, смета тимоние.
Со право бевме разочарани бидејќи 3.000 правни акти или 1/3 од од европското законодавство го имплементиравме кај нас, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи.
Земјите членки на ЕУ не ценат дека е многу критично за нив да се отпочнат преговори со земјава, вели првиот човек на Советот за евроинтеграции, Никола Попоски. Тој посочува дека немало притисок ниту пооделно внатре во членките на ЕУ, бидејќи тие во одлуките за Унијата се раководат од сопствената јавност.
Веќе е доведен во прашање кредибилитетот на Унијата. Ова оттаму што францускиот претседател Макрон даде контрадикторни изјави дали треба или не да сме дел од Унијата, рече партеничиката Ивана Туфегџиќ.
По францускиот нон пејпер за новата методологија за прием на нови членки во Унијата , македонската влада наскоро на владина седница ќе заземе и официјален став.
Миле Ристески
