Одбрана

Пендаровски: Потребен ни е колективен безбедносен систем, членството во НАТО ќе го овозможи тоа

26.11.2019 14:58

Потребен ни е колективен безбедносен систем како мала држава со ограничени ресурси за одбрана и безбедност, членството во НАТО ќе го овозможи тоа- претседателот Пендаровски одржа предвање пред студентите. Нашата земја нема дилема, ви сте подготвени за влез во Алијансата – ставовите ги пренесе и американската амбасадорка Брнс...

Ја чекаме последната ратификација од Шпанија. НАТО е наш стратешки приоритет со консензус на сите партии уште во 1993-та. Потребен ни е колективен безбедносен систем како мала држава со ограничени ресурси за одбрана и безбедност, порача претседателот Пендаровски. Вели дека членството ѝ овозможува на нашата Армија да биде дел од тој модерен систем, значи и нов пазар на труд и за нашите компании, но и споделување на исти вредности.

Ризиците и предизвиците што ги носат новите форми на тероризмот остануваат постојано на агендата на НАТО. Тоа ги засега сите земји членки, посочи американската амбасадорка во Мери Брнс. Нашата земја немаше дилема дека вие сте подготвени за влез во Алијансата.

Студентите на „Американ колеџ“ имаа можност да дискутираат за различни аспекти за НАТО интеграциите.

 

Фиљана Кока