„Африка во Македонија“ изложба за Африка од праисторијата до денес
Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.

На 28-ми ноември во Музејот на Македонија ќе биде отворена изложбата „Африка во Македонија“. Изложбата ја прикажува исконската поврзаност помеѓу Македонија и Африка, која започнува во предисторијата и трае до денес.
Во рамки на изложбата ќе бидат презентирани повеќе археолошки, етнолошки и уметнички експонати, како и архивски материјали што ги истакнуваат културните, историските, религиските и политичките врски помеѓу овие навидум далечни простори.
Автори на изложбата се доцент д-р Гоце Наумов и професор д-р Никос Чаусидис. Изложбата „Африка во Македонија“ се реализира во соработка помеѓу Музејот на Македонија и Археолошкиот музеј на Македонија, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Охрид, Музеј на град Скопје, Завод за заштита на спомениците на културата и музеј од Битола и Национална установа Стоби.
На изложбата исто така ќе бидат претставени повеќе африкански ракотворби и фотографии од личните колекции на Мирослав Масин, Роберт Смилески, Јасмина Никуљска, Петар Јовановски, Кристина Бицева, Билјана Јурукоски, Филип Кондовски и Скопскиот џез фестивал.
