Училиштен информатор: Само небото е граница за отворените срца
Прва краткотрајна мобилност со ученици во координатор училиштето Liceul Tehnologic „Mihail Eminescu“ Думбравени, Романија...

Основна цел на проектот е размена на добри практики меѓу партнер училиштата од Европа:LiceulTehnologic "MihaiEminescu" од Думбравени, Романија, училиште-координатор ,OOУ "Методи Митевски-Брицо" од Лозово, ООУ. "Кузман Јосифовски-Питу" од Кичево, CPI SANTA LUCÍA, од Морања, Шпанија, SzkolaPodstawowanr 85, од Гдањск, Полска и Osnovnaskola “Belica” од Белица, Чаковец, Хрватска.
Предвидените активности во проектот ќе им овозможат на учениците од петте европски земји да се дружат, да учат повеќе едни за други, да развиваат емпатија, толеранција, социјални и комуникациски вештини, да работат на својата самодоверба и унапредување на компетенциите за емоционална интелигенција, за емпатија и за солидарност.
Проектот предвидува вклучување голем број ученици, воспитно-образовен и раководен кадар од училиштата, родители, образовни и локални авторитети што преку 60-тина планирани активности за имплементација и 6 транснационални краткотрајни мобилности со групи ученици ќе работат и ќе ги реализираат поставените цели.
При првата краткотрајна мобилност со ученици во координатор училиштето Liceul Tehnologic „Mihail Eminescu“ Думбравени, Романија под насловена “Eyes Wide Closed"/ “Очи широко затворени”, партнерите во проектот ги реализираа следниве активности:
Официјалното отворање на средбата PowerPoint презентации за особеностите на националните образовни системи-преглед на сличностите и на разликите во образовните системи на земјите вклучени во проектот; Игри за личен развој на учениците; Изложба/Photo Voice – Слики што“говорат” и испраќаат пораки на тема: ”FORTUNATELY WE ARE DIFFERENT!”/“ЗА СРЕЌА НИЕ СМЕ РАЗЛИЧНИ”.
Во вториот ден се реализираа следните активности: Power-Point презентации и аудио-видео материјали на тема:“TOLERANCE VERSUS INTOLERANCE“/”Толеранција наспроти нетолеранција - на училиште, дома, во група”;Изработка на постери, летоци, флаери и цртежи со пораки за борба против дискриминација меѓу децата Посета на градското собрание, прием од Градоначалникот и градинката во Думбрaвени Спортски активности со мешани групи ученици; Претставување на постери, летоци, флаери и цртежи; активности за кохезија-дрвото на стравот и дрвото на храброста.
Третиот ден се исполни со следниве активности Културно- уметничко шоу (танц, музика, драма, забава) - учениците имаа можност да ги покажат своите таленти и креативност;
“OPTIMISM IS LEARNED”/”Оптимизмот се учи!” - PowerPoint презентации, аудио-видео материјали и драматизации на учениците; Посета на етнографскиот музеј во Сучава.
Четвртиот ден беше резервиран за следниве активности: Посета на културно-историски знаменитости во регионот: етно-музејот /селото Буковина(Bucovina Village Museum), тврдината на Сучава(The Seat Fortress of Suceava); Маргинеа–седиштето за производство на црна керамика во Романија(Marginea black pottery center), Сучевита и Воронет манаститрите(Sucevița Monastery and Voroneț Monastery);
И последниот ден беше исполнет со интересни активности:
Посета и присуство на часови во училиштето;
Креирање огромен плакат на платно на тема “YOUR SMILE LIGHTS UP THE WORLD”/ „Вашата насмевка го осветлува светот”
Играње мотивациони игри
Работен состанок на тимовите:процедури и стратегии, размена на искуства од досегашни учества во Erasmus+ успешна имплементација на проектните активности, планови за имплементација, дисеминација и мониторинг, планирање идни активности, делегирање одговорности и задачи меѓу партнерите и финансиски прашања.
Потпишување официјални документи и свечено доделување сертификати за присуство на првата мобилност на сите учесници.
Проектниот тим го сочинуваат: Горанче Велков-директор на училиштето, Даниела Мијалковска-психолог и координатор, Ивана Тасева-педагог и наставниците Светлана Стојкова, Јулија Николовска и Тоде Николовски.
Радмила Гиевска
