Почувствуван земјотрес во Скопје, епицентарот во Грција
27.11.2019 10:29
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е на Крит, во Грција, со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 56 километри.

Изутринава во 8 часот и 23 минути во Скопје и околината е почувствуван земјотрес. Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот е на Крит, во Грција, со магнитуда од 6 степени според Рихтеровата скала, на длабочина од 56 километри.
Евакуирани се сите јавни објекти, а потресот бил почувствуван и на целиот Пелопонез и Атика, како и во Турција, Египет, Италија и во Либија.
