Фетаи: Ние сме магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги
Фетаи смета дека обвинителите се претвориле во магационери и архивари на предметите што се во фаза на истрага, а кои беа преземени од редовното обвинителство.
„Сите институции со светлосна брзина изразија подготвеност да ги истражат надоместоците, камо среќа во изминатиов период така да постапуваа по истрагите“, коментира обвинителката Фатиме Фетаи откако во јавноста се отвори дебата за износите кои ги добивале надвор од платата.
Фетаи смета дека се претвориле во магационери и архивари на предметите што се во фаза на истрага, а кои беа преземени од редовното обвинителство.
„Целта на преземањето на предметите беше да нема застој, а истрагите седат во кутии и затоа некои осомничени лица за измамнички дејствија и за поттикнување злоупотреби место денеска да бидат во судница на обвинителна клупа, тие мавтаат со лажни бројки и делат правни совети како треба да се води истрагата за надоместоците на обвинителите од СЈО. Буквално, ние сме само магационери и архивари на предметите што се во фаза на истраги, а има истраги кои се готови, спремни за обвиненија“, рече Фетаи.
Таа вели дека дополнителните примања за доверливост во работењето не ги надминуваат патните трошоци на некои пратеници.
