Евроинтеграции

Фон дер Лајен целосно поддржува преговори со Северна Македонија и Албанија

27.11.2019 13:04

Фон дер Лајен целосно го поддржува предлогот да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија, појаснувајќи дека процесот на пристапување нуди единствена можност за промовирање и споделување на нашите основни вредности и интереси.

Говорејќи пред Европскиот парламент во Стразбур, при претставувањето на програмата и составот на новата Европска комисија, новизбраната претседателка Фон дер Лајен рече дека вратата на ЕУ за Западен Балкан останува отворена.

Фон дер Лајен целосно го поддржува предлогот да се отворат преговорите со Северна Македонија и Албанија, појаснувајќи дека процесот на пристапување нуди единствена можност за промовирање и споделување на нашите основни вредности и интереси.

Покрај Западен Балкан, првата заложба на Комисијата, според зборовите на претседателката на комисијата ќе биде „зелениот договор“, кој наспроти загриженоста за климатските промени, треба да биде откриен на 11-ти декември во пресрет на европскиот самит.