Владата на Македонија – лидер во регионот според индексот на отвореност
Земјава и Црна Гора се лидери во регионот по отвореноста на извршната власт, покажува спроведено истражување. Надлежните тврдат дека ова се должи на усвоената стратегија за транспарентност. Невладини, пак, предупредуваат дека Комисијата за слободен пристап до информации од јавен карактер година и пол е нефункционална, па има застој во постапувањето по жалбите...
Отвореноста на институциите на системот е примарна за довербата на граѓаните. По усвојувањето на Стратегијата за транспарентност, министерот Роберт Поповски тврди дека е подобрена отченоста и се подобрува демократскиот амбиент, а граѓаните имаат непречен пристап до информации.
„Не постои институција која одговара пред владата, а која не е опфатена во стратегијата за транспарентност“, оценуваат надлежните.
Сепак, фондацијата „Отворено општество“ предупреди дека Комисијата за пристап до информации од јавен карактер година и пол е нефункционална, поради што има застој во процесот на одлучување по поднесените жалби.
Александра Спировска
