Битола

Промоција и едукација за Истанбулската конвенција

27.11.2019 14:35

Битолското здружение на жени „Престиж“, ја промовира публикацијата „Промоција и едукација за Истанбулската конфенција“, која важи за најзначаен меѓународен документ за борба со семејното насилство...

Препораките и насоките што ги дава Истанбулската конвенција се најзначајниот меѓународен документ во борба со семејното и родово базираното насилство врз жените. По минатогодишната ратификација на централно ниво, се работи на синхронизација на законодовството со препораките. Во локални рамки, препораките се однесуваат на работа на превенција или давање на сервисни услуги на жртвите.

Активностите од терен битолското здружение на жени „Престиж“ ги преточи во публикација која треба да даде свој придонес во 16 дневната кампања „Активизам за боба против насилството врз жените и девојчињата“, а годинешниов акцент е ставен врз сексуалното насилство.

Процентот на насилства е во подем, велат од социјалните центри. Жртвите се од најразлична возраст и се изложени на најразлични видови на насилство.Според нив, најтешко за докажување е психичкото насилство.

Сепак зачестените кампањи даваат ефект и сѐ повеќе жени се охрабуваат да го пријават соодветното насилство, а нашите екипи во рок од 24 часа постапуваат по пријавата, велат од надлежните институции.

 

Стевче Митревски