Собрание

Жестока реторика на седницата за пратенички прашања

28.11.2019 15:06

Жестока реторика во законодавниот дом на седницата за пратенички прашања. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димовски наместо прашање, читаше ветувања што премиерот ги дал на почетокот на мандатот. Реагираше потпретседателот на Собранието кој го обвини пратеникот дека ја злоупотребил говорницата. Народните избраници прашуваа и за платите на Специјалните обвинители, во фокусот бонусите...

Жесток старт на пратеничките прашања. Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ немаше прашања, но ги наброи нереализираните прокети кои владата ги ветила, но не ги реализирала. Од повисоки плати за докторите, преку инфраструктурни проекти до датум за преговори со ЕУ и раст на економијата.

Пратеникот Крсто Јовановски смета дека судството и обвинителството се корумпирани и работат по диктат. Посочи дека платите на Специјалните обвинители и бонусите се огромни, се именуваат судии и обвинители, а Уставниот суд не смеел да гукне.

Премиерот Заев со став со театарски престави нема да дозволам да се наруши дигнитетот на еден систем. Посочи дека и тој имал помала плата од директорот на Манаф, но така било уредено.

На пратеничките прашања се зборуваше и за субвенции за младите земјоделци, за платите во културата, и за проектите во образованието.

 

Миле Ристески