Медицинската администрација на протест пред Министерството за здравство
Испратено барање до надлежните во Министерството за здравство за измени во Колективниот договор со кој би биле опфатени сите вработенив во здравството без исклучок. Ако нема позитивна одлука, велат ќе ги активираат механизмите преку судскиот систем.
Со зголемувањето на платите само на докторите и на медицинскиот персонал направена е неправда спрема административните службеници и помошно техничкиот персонал кои работат во здравствениот сектор. Со ваков став излегоа на протест.
Испратија барања до надлежните во Министерството за здравство за измени во Колективниот договор со кој би биле опфатени сите вработенив во здравството без исклучок. Ако нема позитивна одлука, велат ќе ги активираат механизмите преку судскиот систем.
Велат дека самоиницијативно се собрале пред Министерството за здравство, зашто според нив од синдикални лидери сѐ уште не добиле подрршка. Досега, како што велат, тие го добиле само зголемувањето на платите со септемвриската плата за пет проценти оваа година, кое важеше за целата јавна и државна администрација.
Игор Панов
