Да се ратификува Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела на слепите лица

28.11.2019 15:41

Во светот, има околу 300 милиони слепи лица и лица со оштетен вид. Според истражувањата во развиените земји, само околу 7 проценти од сите објавени книги се произведени во формати за овие луѓе. Во земјите во развој ситуацијата е уште полоша...

Шест години по потпишувањето на Договорот од Маракеш, Македонија сѐ уште не е меѓу 38-те земји кои ја ратификуваат и имплементираат содржината. Иако со него е предвидено олеснување на пристапот до книги за слепите и лицата со оштетен вид, сепак засега државата прави само напори за негова ратификација. 

Во светот, има околу 300 милиони слепи лица и лица со оштетен вид. Според истражувањата во развиените земји, само околу 7 проценти од сите објавени книги се произведени во формати за овие луѓе. Во земјите во развој ситуацијата е уште полоша. Процентот на достапни книги е само еден процент.

Според надлежните, потпишувањето на Договорот од Маракеш претставува остварување на животното право и на информираност на граѓаните со попреченост и оштетен вид. Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лица со оштетен вид беше потпишан во Мароко 2013 година од 60 земји.

 

Александра Спировска