Јункер: Неотворањето преговори со Македонија и Албанија е срамно
Неотоврањето преговори со Македонија и Албанија во октомври претставува изневерување на ветеното кон овие две земји- смета претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер...

„Ако силата на Европа лежи во тоа да бидеме партнер од доверба, нашата слабост лежи во тоа што не ги одржуваме нашите ветувања. Најдобар пример е нашата политика за проширување и срамната неспособност на европските лидери да си ги одржат ветувањата за отворање пристапни преговори со Македонија и Албанија откако овие влади ги исполнија потребните критериуми“, пишува претседателот во заминување на Европската Комисија, Жан Клод Јункер, кој за својот последен ден на оваа функција прифати да биде автор на дневниот уреднички коментар на „Политико Европа“.
Јункер се навраќа на слабостите и успесите на неговиот петгодишен мандат на чело на европската извршна власт. За него, неотоврањето преговори со Македонија и Албанија во октомври претставува изневерување на ветеното кон овие две земји.
„Почитта мора да се добие и ако сакаме да го одржиме нашиот кредибилитет, мораме да го сториме тоа што сме рекле дека ќе го сториме – внатре и надвор“, напиша Јункер во својот проштален коментар.
