Компјутерска опрема за училиштата во Општина Валандово

29.11.2019 11:03

Опремувањето на новите училници е проект за чија реализација се одлучи на граѓански форуми организирани во општина Валандово, во претходниот период. Форумите беа дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ и истите послужија како демократска алатка за реализирања на мислењата и предлозите на граѓаните.

Во ООУ „Страшо Пинџур“ Јосифово, ООУ „Јосип Броз Тито“ Валандово и СОУ „Гоце Делчев“ Валандово, деновиве се инсталира нова компјутерска опрема со која целосно ќе се опремат новите училници по информатичка технологија.

Опремувањето на новите училници е проект за чија реализација се одлучи на граѓански форуми организирани во општина Валандово, во претходниот период. Форумите беа дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“ и истите послужија како демократска алатка за реализирања на мислењата и предлозите на граѓаните.

Со гласање, учесниците на форумот за проект кој ќе се имплементира го избраа „ИКТ лабораторија со соодветна хардверска и софтверска опрема и училишен медиум“ кој ги опфаќаше трите општински училишта.

За реализација на овој проект, беше предвиден фонд од 50.000 швајцарски франци, обезбедени од Швајцарската агенција за развој и соработка, а имплементирани од УНДП, соопштуваат од општина Валандово.

 

Анита Никушева - Јованчев