Дескоска: Собранието да го спречи активирањето на пoмилувањата на Иванов
Министерката Дескоска од пратениците во Собранието побара да достават автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија.
Уставниот суд со мнозинство гласови донесе одлука да се преиспита уставноста на актот со кој беше повлечена аболицијата на Иванов за 50-ина тогашни функционери. Ќе се разгледува на седницата во среда.
Министерката Дескоска од пратениците во Собранието побара да достават автентично толкување на членот 11 од Законот за амнестија.
„Иницирање постапки пред Уставен за активрање на законот за помилување има цел постигнување неказнивост за делата кои беа предмет на СЈО, а сега се на ОЈО. Со отворањето на вчерашната постапка на Уставниот суд се заканува голема опасност за иднината на постапките кои се водат за прислушкуваните материјали. Го повикувам собранието со автентично толкување да ги искористи механизмите и да спречи неуставно помилување“, изјави министерката Декоска.
Според претседателот на Здружението на судии, Саити, одлуките на Уставен секогаш предизвикуваат правни последици.
