Се гради квалитетно, новите објекти можат да издржат земјотрес од 9 степени
Во земјава се гради квалитетно, велат од Институтот за зејотресно инженерство. Уверуваат, имаме побезбедни градби од регионот во кој последниве денови се случија низа потреси. Европските стандарди се применуваат, но сметаат дека има простор за подобрување на законската регулативата...

Се прави дополнителна техничка контрола на проектите за градба, а поголемите објекти се контролираат на терен, велат од Институтот за земјотресно инженерство. Оттаму дополнуваат и дека во земјава се гради квалитетно. Уверуваат, имаме побезбедни градби од регионот во кој последниве денови се случија низа потреси. Европските стандарди се применуваат, но сметаат дека има простор за подобрување на законската регулативата.
Од Градежната комора посочуваат дека безбедноста на објектите не може да биде потврдена и кај дивоградбите, кај објектите кои имаат надградба и легализираните објекти.
Граѓаните со поделени мислења, но велат и дека пребрзото градење понекогаш придонесува да не се почитуваат стандардите на квалитетната статика. Според надлежните, новите објекти кои се градат се проектирани да издржат земјотрес од 9 степени јачина.
Од Институтот информираат дека идната недела тим од земјава ќе замине за Албанија за да помогне во утврдувањето на безбедноста на објектите.
Дијана Ценевска
