Утре почнува судењето за „Рекет“
Во домашен притвор се обвинети Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, додека првообвинетиот Бојан Јовановски кој беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ во текот на вчерашниот ден е вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.
Во Кривичниот суд во Скопје утре треба да се одржи првото рочиште за случајот „Рекет“. Обвинети се Бојан Јовановски – Боки 13, поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичееч.
Во домашен притвор се обвинети Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, додека првообвинетиот Бојан Јовановски кој беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември“ во текот на вчерашниот ден е вратен во КПУ Затвор-Скопје каде што издржува мерка притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски. Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Во рамки на случајот „Рекет“, Обвинителството отвори нова истрага која се однесува на Меѓународниот сојуз на Бојан Јовановски – Боки 13.
