Уставен суд: Со коментарите и прејудицирањата се врши директен упад и притисок
Обидите за омаловажување на Уставниот суд, неговиот углед и угледот на судиите, со прејудицирања на судските одлуки, со политички, а не со правни аргументи, не е во интерес на напорите за изградба на владеење на правото и правната држава, велат во денешното соопштение од Уставниот суд...

Уставниот суд в среда ќе ја разгледа иницијативата за Законот за амнестија. Оттаму денеска излегоа со реакција поради обидите, како што велат, за омаловажување на судот и за прејудицирање на неговите одлуки.
„Судот смета дека со коментарите и прејудицирањата, се врши директен упад и притисок за нормално функционирање и неосновано се повредува угледот на судот и честа и личноста на уставните судии“, се вели во реакцијата на Уставниот суд, од каде додаваат и дека темелни вредности на нашиот уставно- правен поредок се владеењето на правото и поделбата на власта, а одлуките на овој суд се конечни и извршни.
