Човекот што го направи дизајнот на ајфон, отстранет од списокот на компанијата

02.12.2019 14:43

Новата фирма што ја основа Џони Ајв се вика LoveFrom, а најави дека ќе продолжи да прави дизајн за Епл и за други клиенти.

Џони Ајв, главниот човек за индустрискиот дизајн на Епл, кој во јуни најави дека го напушта технолошкиот гигант и создава своја фирма, е тргнат од официјалната страна на компанијата, пренесува The Verge.

Затоа американските медиуми пишуваат дека тој не веќе дел од тимот на Епл. Ајв во компанијата дошол во 1992 година, а во 1996 година станал дел од дизајнерскиот тим. Тој беше еден од најважните луѓе на компанијата и најзаслужен за дизајнот на нивните производи.

Новата фирма што ја основа Џони Ајв се вика LoveFrom, а најави дека ќе продолжи да прави дизајн за Епл и за други клиенти. Епл се уште нема објавено кој ќе биде на неговот место.

С.С.