Политика

Џафери: Седницата за автентично толкување на Законот за амнестија ќе биде најрано на 11-ти декември

02.12.2019 14:53

Седницата за автентично толкување на Законот за амнестија ќе биде најрано на 11-ти декември, изјави спикерот Џафери. Социјалдемократите ги повикаа сите пратеници да гласаат за нивната иницијатива. ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе нов закон со кој ќе се забрани носител на фунција да биде аболициран или амнестиран политичар...

Спикерот Џафери ги доставува до Владата и до матичната Собраниска комисија писмата со барањето на СДСМ за автенично толкување на членот 11 од Законот за помилување. Според него, најрано за ова би можело да се разговара од 11-ти декември.

Социјалдемократите ги повикаа сите пратеници, особено оние од ВМРО- ДПМНЕ да гласаат за нивната иницијатива, за како што велат, да се спречи обидот за враќање на незаконската аболиција на Иванов.

ВМРО-ДПМНЕ бара да се донесе нов закон со кој ќе се забрани носител на фунција да биде аболициран или амнестиран политичар. Алијансата за Албанците и БЕСА велат дека се против каква било амнестија или аболиција. ДУИ и независната пратеничка група сѐ уште градат став.

Претседателката на Законодавно- правната комисија, каде што ќе се разгледува автентичното толкување, вели дека ќе се чека владиното мислење.

Уставниот суд поведе постапка по иницијатива од адвокат, за преиспитување на уставноста на членот 11- а во Законот за помилување.

 

Игор Панов