Заев на панел дискусија за НАТО

03.12.2019 13:13

Уште еднаш потврдено дека Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО. Тоа ќе значи безбедност и сигурност за државата, но и за регионот.

Шефот на владата Заев, на панел дискусија во Лондон, што се одржува во рамките на самитот на Алијансата. Уште еднаш потврдено дека Македонија ќе биде 30-та земја членка на НАТО. Тоа ќе значи безбедност и сигурност за државата, но и за регионот.

„Ако земеме предвид дека е најголема алијанса во светот и најголем фактор на мир и стабилност, има одговорност да го одржува мирот и стабилноста насекаде во светот. Заканите со кои соочува НАТО се поврзани со модерното време, со 21 век. Безбедносни, хибридни закани, сајбер закани. Сите треба да се фокусираме на тоа да најдеме начин да се справиме. На крајот се зависи од тоа какви радикални структури се вмешани во тоа, или не се вмешани“, изјави премиерот Заев на панелот „Разговори – Одбрана и превенција за новата ера“, во рамките на конференцијата „НАТО се ангажира: Иновирање на Алијансата“.