Финансии

Субвенции за 97 граѓани од проектот „Купи куќа- купи стан“

03.12.2019 14:35

97 граѓани добиле субвенции од проектот „Купи куќа- купи стан“, вели министерката за финансии Ангеловска. За оваа намена во буџетот се предвидени 2 милиона евра...

Каматните стапки се намалени од 3,95 на 2,9 проценти во првата година, за младите до 35 години државата пет години ќе плаќа до 70 насто од ратата. Проектот за субвенционирани станбени кредити продолжува- аплицирањето трае до 31-ви декември. Во буџетот се проектирани 125 милиони денари. Министерката Ангеловска не очекува изборите да направат застој во реализација на одлуките.

За младите до 35 години учеството наместо со 50 ќе се субвенционира со 70 проценти- најавија од Финансии. За новородено или посвоено дете во првите 10 години од користење на кредитот, проектирана е и дополнителна субвенции од 30 насто на ратата.

Интерес за проектот „Купи куќа- купи стан“ има, вели Ангеловска. Викендов ќе има саем. На едно место, банките и надлежните ќе ги презентираат условите, ќе им помагаат на апликантите.

Годинава според статистиката на министерството доделени биле 90-тина станбени субвенционирани кредити, во вредност од 3,6 милиони евра, од државната каса субвенционирани со 1,1 милион евра.

 

Сузана Фиданска- Стоевска