Дополнителни субвенции за лозарите

04.12.2019 10:20

Лозарите може да се пријавуваат за дополнителна субвенција од 2 денари по килограм за предаденото винско грозје. На листата за финансиска поддршка покрај смедеревката и вранецот се додаваат и кратошија, станушина, црн бургундец, жилавка и кадарка...

Тече пријавувањето за дополнителна субвенција од 2 денари за секој килограм предадено винско грозје од сортите смедеревка, вранец, кратошија, станушина, црн бургундец, жилавка и кадарка.

Корисници на овие пари се земјоделските стопанства, а услов е да имаат површини под лозови насади и оствареното производство од реколта од 2019 година да е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино.

Барањата за добивање на средства од оваа мерка се поднесуваат електронски на веб страницата на платежната агенција, а оние  кои не се во можност сами да поднесат барање или имаат потреба од помош, може да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Лозарите треба да поседуваат и потврди издадени од регистрирани капацитети за производство на вино. Документите се поднесуваат до 25- ти декември 2019 година.

 

Методија Трајков