Случај „Рекет“: Денеска пресуда за Милески
Милески се товари за „примање награда за противзаконито влијание“, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.
Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска напладне ќе биде изречена првата пресуда за случајот „Рекет“, откако вчера на првото рочиште третообвинетиот Зоран Милески- Кичеец призна вина за делото. Милески се товари за „примање награда за противзаконито влијание“, за што му се заканува затворска казна од 1 до 10 години.
Судскиот преоцес „Рекет“ продолжува во петок против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Јанева се наоѓа во домашен притвор додека Бојан Јовановски е во затворот во Шутка каде што издржува мерка притвор.
