Владата ги прифати седумте барања на „Марш за чист воздух“

04.12.2019 12:10

Оттаму ја реафирмираа поканата за средба со невладините, кои како услов за разговори го поставија токму прифаќањето на барањата, кои предвидуваат детален урбанистички план за Вардариште, истрага за Охис и за палењето кабли во Скопје...

Владата ги прифати седумте барања на граѓанската иницијатива „Марш за чист воздух“. Оттаму ја реафирмираа поканата за средба со невладините, кои како услов за разговори го поставија токму прифаќањето на барањата, кои предвидуваат детален урбанистички план за Вардариште, истрага за Охис и за палењето кабли во Скопје, законски измени за животна средина, поголема заштита на Охридско езеро, одземање на концесијата на рудниците Еуромакс и Плавица.

Од Владата велат оти се надеваат на обединување на напорите на институциите и на граѓанскиот сектор во борбата за поздрава животна средина.