Лондон

Почна состанокот на лидерите на земјите- членки на НАТО, учествува и премиерот Заев

04.12.2019 12:23

Во Лондон почна лидерскиот состанок на Северноатланскиот совет. Меѓу шефовите на држави и влади на земјите- членки и премиерот Заев. Земјава се претставува на највисоко нив во работата на телата на Алијансата, ја потврдува определбата за споделување на принципите за заедничка безбедност и градење на силните трансатлански односи со најмоќната воена политичка сила...

Во Лондон започна состанокот на Северноатлантскиот совет на шефовите на држави и влади, на кој учествува и премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и шефот на дипломатијата, Никола Димитров.

Како што соопштија од Владата, со учеството на состанокот на лидерите на земјите- членки, нашата земја се претставува на највисоко ниво во работата на телата на Алијансата, и ја потврдува определбата за целосно споделување на принципите за заедничка безбедност и за градење силни трансатлантски односи со најмоќната воена и политичка алијанса заснована на демократски вредности, како основа за заеднички просперитет и за напредок на земјите- членки.

Протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата досега го ратификуваа 28 членки на НАТО. Скорешното полноправно членство во НАТО е реализација на стратешката цел на нашата земја зацртана со консензус во 1993 година и овозможува идеални услови за зајакнат и забрзан економски развој- велат од Владата.