Случај „Рекет“: Три години затвор за Зоран Милески

04.12.2019 12:42

Во казната ќе му биде пресметан и притворот, а ќе треба да ги плати и судските трошоци. До правосилност на пресудата Милески останува во куќен притвор.

Три години затвор за Зоран Милески- Кичеец, одлучи денеска Кривичниот суд во Скопје. Во казната ќе му биде пресметан и притворот, а ќе треба да ги плати и судските трошоци. До правосилност на пресудата Милески останува во куќен притвор.

Милески беше третообвинет во случајот „Рекет“, за кривичното дело „примање награда за противзаконито влијание“. Со судската одлука му се одземаат вредни технички предмети, како и скапи рачни часовници.

Судскиот процес „Рекет“ продолжува во петок против Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева. Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева за „примање награда за противзаконито влијание“ и за „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Јанева се наоѓа во домашен притвор, додека Бојан Јовановски е во затворот во Шутка каде што издржува мерка притвор.