Мицевски: Иницијатива за ратификација на протоколот за НАТО

04.12.2019 13:15

Целта е ратификацијата да се случи пред да се распушти Собранието, а тоа да не биде алиби на власта за одложување на изборите, изјави Мицевски.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата поднесе иницијатива со барање - Владата во најскоро можно време до Собранието да го достави Законот за ратификација на Пристапниот протокол за членството во НАТО. Целта е ратификацијата да се случи пред да се распушти Собранието, а тоа да не биде алиби на власта за одложување на изборите, изјави Мицевски.

„Со прифаќањето на оваа иницијатива ќе докажат дека  навистина сакаат Република Македонија да биде членка во НАТО Алијансата. Во спротивно на цела македонска јавност ќе и биде јасно дека СДСМ и Заев членството во НАТО го коцкаат за нивни партиски интереси и не го третираат како стратешки интерес на земјата“, изјави Никола Мицевски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија.

Од Алијансата за албаниците со барање точката на дневен ред да биде на седницата на 11-ти декември.