СДСМ: Се остварува стратешката цел на државата
04.12.2019 13:18
По успешната ратификација на протоколот за пристапување, останува само ратификацијата од Шпанија. На прав пат сме, велат од СДСМ...

Се остварува стратешката цел на државава, сонот на генерации граѓани, стануваме 30-та земја членка на НАТО, велат од СДСМ. Рамо до рамо со светските лидери во најмоќниот сојуз во светот.
По успешната ратификација на протоколот за пристапување, останува само ратификацијата од Шпанија. На прав пат сме, од заробена изолирана држава, денес сме партнер на регинот и демократскиот свет со сигурна и стабилна иднина, стои во соопштението од СДСМ.
