РСБСП: Брзото возење најчеста причина за сообраќајки

05.12.2019 11:54

Со намалување на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти и за 2 проценти би се намалил бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место, се наведува во соопштението од РСБСП.

Статистичките податоци на Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот (РСБСП) покажуваат дека  брзото возење и понатаму останува доминантна причина за предизвикување на сообраќајни незгоди со фатални последици.

Затоа, од РСБСП апелираат возачите да ја намалат брзината на возење и да возат повнимателно. Важно да се намали просечната брзина во населени места и на регионалните патишта со цел да се подобри безбедноста во сообраќајот. Со намалување на просечната брзина за само 1 км на час, бројот на сообраќајни незгоди во населено место би се намалил за 4 проценти и за 2 проценти би се намалил бројот на сообраќајни незгоди надвор од населено место, се наведува во соопштението од РСБСП.

Фактот дека побавното возење е побезбедено, според Советот, се потврдува и со фактот дека веројатноста за смртност на пешаците при удар на возило со брзина од 50 км на час е 85 проценти, додека веројатноста пешак да загине при удар на возило со брзина од 30 км на час е помалку од 10 проценти.

Брзината е клучен фактор на ризик за безбедноста на најранливите групи учесници во сообраќајот (пешаци, велосипедисти, стари лица и деца), а исто така брзината е клучен фактор за сериозноста на последиците за возачите и патниците во возилата, наведуваат од РСБСП.