Братислава

Димитров: Нема напредок без почитување на заедничките вредности

05.12.2019 14:37

Северна Македонија е целосно посветена да ги спроведе и поддржи сите заложби на ОБСЕ. Министерот за надворешни работи Никола Димитров, учествува на 26-от Министерски совет на ОБСЕ, што се одржува во Братислава, Словачка...

Шефот на дипломатијата учествува на 26-от Министерски совет на ОБСЕ што се одржува во Братислава. Тој ги претстави ставовите на земјава за актулените прашања со кои се соочува организацијата.

„Годинава земјите од ОБСЕ и светот генерално, продолжија да се соочуваат со многу прашања од различна природа и потекло. Станува јасно дека ќе нема напредок без понатамошна посветеност кон заедничките вредности, заштитата на човековите права, фундаменталните слободи и демократски норми, економските слободи и без одговорност за нашите постапки. Северна Македонија е целосно посветена да ги спроведе и поддржи сите заложби на ОБСЕ. Благодарни сме за придонесот што организацијата го прави во нашето општество“, нагласи министерот за надворешни, Никола Димитров.

Годинава со ОБСЕ претседаваше Словачка, а од 2020-та, палката е во рацете на Албанија.