Трамп: Ќе го победиме импичментот
Американскиот претседател Трамп е убеден дека ќе го победи импичментот...

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека ќе ја добие битката со демократите кои покренаа процедура за негово отповикување. Ги пофали што се обединети во нивната мисија, но нагласи дека републиканската партија е онаа којашто ја води вистинската политика. Претставничкиот дом на САД почна истрага за тоа дали Трамп им вршел притисок на украинските власти во замена за воена помош.
„Ова не е за Украина, туку за Русија. Кој имаше придобивка од тоа што им задржавме воена поддршка, кој имаше корист од тоа што не им ја задржавме помошта? Русија. Во источна Украина загинаа десетици илјади луѓе. Сега дури и повеќе не можат да добијат воена помош која беше изгласана во Конгресот. Некои велат дека не знам многу за Украина, но ова не е за нив, сите патишта водат кон Путин, сфатете го тоа“, изјави Ненси Пелоси, претседател на Претставничкиот дом.
Претставничкиот дом во кој мнозинството го сочинуваат опонентите на Трамп би можеле да гласаат за импичмент кон крајот на месецов. Постапката потоа оди во Сенатот каде што доминираат републиканците на Трамп.
