РУСИЈА
Медведев: Исклучување од СВИФТ е објавување војна
06.12.2019 10:58
Поради идејата на Западот, Кремљ развива домашна мрежа која работи според истите стандарди.

Рускиот премиер Дмитриј Медведев предупреди - укинувањето на пристапот на Русија кон меѓународната банкарска мрежа за платни трансакции СВИФТ, практично би значело објавување војна.
Поради идејата на Западот, Кремљ развива домашна мрежа која работи според истите стандарди.
Иницијативите за исклучување на руските банки кои датираат уште од пред 5 години како одговор на улогата на Москва во конфликтот во Украина, беа обновени лани од специјалниот претставник на Вашингтон во Украина, Курт Вокер, кој во интервју за „Гласот на Америка“ рече дека таа опција била уште во игра и ќе имала последици за сите вкклучени.
