ЕВН и МЕПСО на координативен состанок, се работи на лоцирање на дефектот
Повремениот прекин на снабдувањето со електрична енергија на населби од централното градско подрачје, ги скара ЕВН и МЕПСО. Денеска компаниите на заеднички координативен состанок. Договорено во наредниот период да се интензивира соработката. Од меѓусебните препукувања најмногу трпат граѓаните...
Техничките екипите на ЕВН работат на терен за да го лоцираат дефектот кој изминативе денови остави без струја неколку скопски населби. Оттаму посочуваат дека на координативен состанок, нивни претставници и на МЕПСО констатирале дека станува збор за прекин во мрежата, која заеднички припаѓа на двете компании.
Граѓаните раскажаа како деновиве останале без струја. Се сомневаат дека мрежата била преоптоварена.
По последниот прекин во снабдувањето со струја, од ЕВН појаснија дека реагирале брзо и дел од корисниците биле префрлени на други напојни точки, а по 40 минути сите биле повторно вклучени на дистрибутивната мрежа. Во некој случај, реагирал и заштитниот систем на далекуводот.
Од ЕВН информираат дека се работи на дистрибутивната мрежа за да се подготви за зимската грејна сезона и за новогодишните празници и да се елиминираат можностите за прекин во снабдувањето.
Дијана Ценевска
