Камчев сведочеше за „Рекет“
„Конструиран случај“- сведоштво на бизнисменот Орце Камчев. Во судот тврдеше дека е жртва на класичен рекет, наведе оти првообвинетиот му нудел спогодба, а не поранешната специјална обвинителка...
„Од тројца бев изложен на класичен рекет за што постојат докази“- сведочеше Јордан Камчев за случајот „Рекет“. Ги посочи адвокатот Димишковски, Бојан Јовановски и Лиле Стефановска. На тоа претходеле низа средби и разговори.
Откако сфатил дека процестот „Империја“ за кој го товари СЈО е конструиран намерно за тој да биде рекетиран, Камчев рече дека се консултирал со негови блиски од Бугарија, за како да ја изнесе вистината на виделина. Посочи дека почнал преговори со Јовановски за одредени суми, за кој претходно тој му нудел поблага мерка.
Како што рече, Јовановски му нудел да инвестира во проекти за кои не се договориле. Камчев посочи дека на средбите често Јовановски ја споменувал Јанева со која и се слушал по телефон. Само во една прилика во СЈО во собата за испитување, Камчев тврди дека Катица Јанева му рекла да го завршат тоа што го договориле со Бојан.
Сведокот Камчев рече дека предавањето на парите и разговорот во неговата куќа бил снимен од камерите во неговиот дом и од неговиот телефон. За доказите го информирал и премиерот, кој, како што рече Камчев, му посочил да ги достави до обвинителството кај Русковска. Адвокатскиот тим на Јанева не го коментираше исказот на сведокот, побараа увид во доказите.
Камчев изјави дека ќе поднесе тужба за жртва и граѓанска тужба против Јанева и Јовановски за враќање на средствата. Следното рочиште на кое треба да сведочи сопругата на Камчев, Ана е закажано за вторник.
Наташа Гркова- Петрушевска
