Бензините поевтинуваат за 1,5 денари
Цените на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат...

Регулаторната комисија за енергетика реши да ја намали цената на бензините за 1,5 денар за литар, додека цените на дизелот и на екстралесното масло за домаќинство не се менуваат. Цента на мазутот се зголемува за 1,29 денари за килограм.
Новата малопродажна цена на бензинот Еуросупер БС-95 ќе изнесува 67, а на Еуросупер БС-98 – 69 денари за литар. Еуродизел (Д-Е V) ќе продолжи да се продава за 61,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 50,5 денари за литар. Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на мазутот М-1 НС ќе изнесува 34,478 денари.
Како причина за промена на малопродажните цени на нафтените деривати од Регулаторната комисија ги посочуваат за 3,83 отсто пониската просечна цена на бензинот на светските берзи во изминатите седум дена и за 0,48 отсто кај дизелот, како и за 0,24 отсто повисокиот курс на денарот во однос на доларот.
