Владата ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори
Листата ќе биде доставена до претседателот Стево Пендаровски.
Владата денеска на затворена седница ја утврди листата со 19 предлози за назначување амбасадори на нашата земја на следните дестинации: Атина, Белград, Загреб, Тирана, Брисел, Хаг, Москва, НАТО, Совет на Европа (Стразбур), ОН (Женева), Доха, Прага, Њу Делхи, Рим, Тел Авив, Копенхаген, Ватикан, Приштина и Пекинг.
Листата ќе биде доставена до претседателот Стево Пендаровски. Првично на листата биле 21 кандидат, но утврдени се 19, бидејќи за двајца кандидати треба да се завршат дополнителни чекори.
Од Владата засега не се откриваат имињата на предложените кандидати за амбасадорските места. Премиерот Заев единствено потврди дека предложениот амбасадор во НАТО, досегашниот советник во владата за надворешна политика, Дане Талески ќе биде првиот македонски дипломат во Алијансата по полноправното членство.
