Заев: Ќе реагираме на ставот на БАН

12.12.2019 14:45

Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот - изјави премиерот Заев...

Владата ќе реагира на оценката на Бугарската академија на науките дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, откако ќе ги согледа сите детали- вели премиерот Заев.

„Ќе реагираме поради тоа што тоа прашање е дел од прашањето за решавање на проблемите помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија во Договорот за добрососедство и пријателство. Првите чекори се направени. Верувам дека тоа мораме да го решиме. Јас не ја знам реакцијата, сега ја слушам од вас. Секако ќе реагираме и преку МНР“, вели премиерот Заев.

Бугарија се уште не е на чисто со признавањето на нашиот македонски јазик. Тоа е прашање што остана да го решиме низ имплементацијата на договорот и јас верувам и уште еднаш апелирам ако сме Европејци и ако се залагаме за европска демократија и за европските вредности и права, тоа прашање час поскоро да го надминеме, изјави Заев.

Тој нагласи дека верува оти во периодот што претстои пред нас, многу брзо ќе биде надминато тоа прашање.