Максим Ацевски избран за нов државен ревизор
Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес...

Собранието на седница го избра Максим Ацевски за главен државен ревизор, на предлог на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. Одкуката за изборот на Ацевски беше донесена едногласно со 81 глас „за“. По изборот главниот државен ревизор положи свечена заклетва пред Собранието.
Ацевски е дипломиран економист од Велес. Во Државниот завод за ревизија е од 2001 година до денес. Кон крајот на 2017 година истече мандатот на Тања Таневска, а во изминативе неполни две години со ДЗР раководеше заменикот на главниот државен ревизор, Насер Адеми, но неговиот мандат во траење од 9 години, истече на 4 октомври, без да биде назначен овластен потписник.
Поради ова, фунционирањето на институцијата беше доведено во прашање.
