Метео: Променливо облачно време со слаб локален дожд и снег на планините

12.12.2019 16:53

Повеќе врнежи се очекуваат во ноќните часови кон сабота кои што ќе продолжат и во сабота во текот на денот.

Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со слаб локален дожд и снег на планините. Ќе дува повремено јужен ветер. Повеќе врнежи се очекуваат во ноќните часови кон сабота кои што ќе продолжат и во сабота во текот на денот.

Од недела следува период на сончево стабилно и потопло време со услови за појава на магла по одделни котлини.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска