Ново рочиште за „Талир“
На денешното рочиште треба да почне образложувањето на предложените листи со докази. Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска...

Во Кривичниот суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за предметот „Талир“, кој се однесува на незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ.
Претходното рочиште на 5-ти ноември беше одложено поради неприсуство на пратеникот Илија Димовски. На денешното рочиште треба да почне образложувањето на предложените листи со докази. Застапник на обвинението е обвинителката Ленче Ристевска.
Првото рочиште за случајот Талир се одржа на 18-ти февруари годинава. Во случајот обвинети се Никола Груевски, Кирил Божиновски и Миле Јанакиески кои се товарат за „злоупотреба на службената положба и овластувања“ и „перење пари“, како и Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска обвинети само за делото „перење пари“.
