Седници на пет собраниски комисии
Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за задолжување кај Европската инвестициона банка и КФВ банката за реализација на одредени проекти.

Во Собранието за денеска се најавени седници на пет парламентарни комисии. Комисијата за финансирање и буџет ќе расправа за предлог- одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите за задолжување кај Европската инвестициона банка и КФВ банката за реализација на одредени проекти.
На дневен ред се и предлог измените на Законот за данокот на личен доход, за ДДВ, за данокот на добивка, како и предлог- законот за данок на моторни возила.
Седници ќе имаат и комисиите за здравство, труд и социјална политика, за транспорт и врски и Законодавно- правната комисија.
