Институт за јавно здравје

Регистрирани 73 заболени од грип

13.12.2019 10:58

Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје. Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години.

Во текот на изминатата недела пријавени се 73 заболени од грип, што е намалување за 33 отсто споредено со неделата пред неа кога беа регистрирани 109 заболени од грип, објави Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Бројот на пријавени лица изминатата недела споредено со истиот период минатата сезона, кога беа регистрирани 132 заболени, е намален за 44,7 отсто. Сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип, посочуваат од Институтот за јавно здравје. Најголем број случаи (41) се пријавени во најголемата возрасната група од 15 до 64 години.

Оваа сезона вкупно 433 лица заболеле од грип. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат граѓаните да се вакцинираат, особено лицата на возраст над 65 години, децата на возраст од шест месеци до пет години, хронично болните, бремените жени и здравствените работници.