Ангелов: Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот
Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот.
Официјалниот став на Бугарија е декларацијата на Парламентот, поофицијален став нема од тоа, изјави денеска бугарскиот амбасадор во земјава, Ангел Ангелов во одговор на новинарско прашање дали ставот на Бугарската академија на науките (БАН) со кој се негира македонскиот јазик е и официјален став на Софија.
Декларацијата што ја усвои бугарскиот Парламент во октомври годинава, ја содржи поддршката за целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, но под услов земјава да исполни серија услови во однос на историјата и јазикот.
БАН објави реакција на Повелбата за македонскиот јазик на МАНУ, во која вели дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот јазик. Властите во земјава најавија реакција откако детално ќе ја разгледаат објавата на БАН.
