Иновативни етвинери можат повеќе
Претставници од СЕПУГС Васил Антевски – Дрен беа дел од првата мобилност во рамките на проектот што беше реализиран во училиштето Мехмет Емине Акдоган во Сарајону, Коња, Република Турција.

Во рамките на проектот “Иновативни етвинери можат повеќе“ претставници од СЕПУГС Васил Антевски – Дрен беа дел од првата мобилност во рамките на проектот што беше реализиран во училиштето Мехмет Емине Акдоган во Сарајону, Коња, Република Турција.
Претставниците од СЕПУГС Васил Антевски Дрен заедно со претставници на училишта од Вела Лука – Хрватска, Санта Мартина – Италија и Бидгошчи – Полска имаа можност да ги усовршат своите знаења во делот на практичната примена на ИКТ вештините во наставата преку примена на Веб 2.0 алатките како и подетално да се запознаат со можностите што ги нуди етвининг платформата со цел поврзување и меѓусебна соработка на училиштата од Европа.
Покрај тоа учесниците имаа можност да се запознаат и со турската култура и традиција преку посета на Мевлана музејот и знаменитостите на Кападокија. Во рамките на мобилноста беа организирани и средби со локалните власти во областа Сарајону и Коња каде што беа разменети искуства за начинот на функционирање на образовните системи на земјите учеснички во проектот.
Радмила Гиевска
